Граѓаните изброија 400 милиони евра за камати

Bez autora
May 25 2011

Секој вработен Македонец должи по 2.400 евра за кредит. Покрај редовните рати, лани платил нешто помалку од просечна плата, т.е. 263 евра, само за камати и банкарски провизии - покажуваат податоците на Народната банка за работата на банките во 2010 година. Банките лани наплатиле 390 милиони евра од камати и провизии од граѓаните и фирмите, што е нов рекорд во споредба со претходните години. Од тоа, околу 320 милиони евра граѓаните им платиле за камати на банките, а 70 милиони евра за провизии. Поголем е цехот што го платиле фирмите. Така, домаќинствата лани оставиле 119 милиони евра по банките за камати, а остатокот се пари прибрани од стопанството. Податоците покажуваат дека граѓаните се задолжени до гуша и с` потешко ги враќаат долговите.

Граѓаните изброија 400 милиони евра за каматиСекој вработен Македонец должи по 2.400 евра за кредит. Покрај редовните рати, лани платил нешто помалку од просечна плата, т.е. 263 евра, само за камати и банкарски провизии - покажуваат податоците на Народната банка за работата на банките во 2010 година.

Банките лани наплатиле 390 милиони евра од камати и провизии од граѓаните и фирмите, што е нов рекорд во споредба со претходните години. Од тоа, околу 320 милиони евра граѓаните им платиле за камати на банките, а 70 милиони евра за провизии.

Поголем е цехот што го платиле фирмите. Така, домаќинствата лани оставиле 119 милиони евра по банките за камати, а остатокот се пари прибрани од стопанството. Податоците покажуваат дека граѓаните се задолжени до гуша и с` потешко ги враќаат долговите.

Вртење во круг

Граѓаните се револтирани. Велат дека ако уште еднаш би избирале, никогаш повторно не би се задолжиле по домашните банки.

- Морав. Требаше да платам операција на приватна клиника. Инаку, никогаш не би се задолжила во банка. Каматите се превисоки во однос на нашите примања. Тоа е вртење во круг. Плаќаш од едно место, вадиш од друго за да платиш на третото. И тоа нема крај. Ништо не си вратил. Туку плаќаш само камати - вели една скопјанка која ја сретнавме на излегување од една банка во центарот на градот.

Тие реагираат и на високите провизии што им ги задржуваат банките.

- Требаше да ми исплатат хонорар од 50 долари од странство. Се разочарав кога банкарската службеничка ми кажа дека ќе подигнам 38 долари, бидејќи 12 долари била банкарската провизија. Па тоа е речиси 25 отсто од парите што требаше да ги примам - вели Александар од Скопје.

Најмногу се задолжуваат за станови

Податоците покажуваат дека секој вработен лани оставил по 263 евра по банки за камати и провизии, односно нешто помалку од една просечна плата, која изнесува околу 330 евра. Земено на жител, излегува дека секој од нас, дури и бебињата, лани „оставиле“ по 195 евра за камати и провизии, односно по 16 евра месечно.

Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните с` потешко ги враќаат долговите. Така, нефункционалните кредити на банките растат со брзо темпо последните години. Тие лани изнесувале 283 милиони евра и пораснале за 25 милиони евра (вкупно биле 258 милиони евра) од претходната 2009 година. Само за споредба, банките ја завршија 2007 година со ризични кредити во износ од 162 милиона евра, а 2008 со 185 милиони евра.

Вкупните долгови на граѓаните и на фирмите кон банките изнесуваат околу 3 милијарди евра, од кои 1,1 милијарда евра должи населението. Во просек излегува дека секој вработен граѓанин (450.000 кои ги регистрира УЈП за кои се плаќаат придонеси) им должи на банките по 2.444 евра, односно едно четиричлено домаќинство со двајца вработени должи околу 5.000 евра во банка за кредити.

Излегува дека секој жител во државата, дури и бебињата, должат по 1.500 евра во банка.

Најголем дел од кредитите се за купување „покрив над главата“ или за набавка на деловен простор и за реновирање, а нешто помал е износот што го должат граѓаните за потрошувачки и за автомобилски кредити.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik